четврток, февруари 26, 2026
Дома СКОПСКА Финансиска помош за најранливите категории

Финансиска помош за најранливите категории

62

Општина Бутел и оваа година обезбеди еднократна финансиска помош за најранливите категории. Оваа поддршка е дел од програмата за социјална заштита за 2026 година.

– Мерката произлегува директно од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години. Оваа поддршка се однесува на сите граѓани што имаат здравствени проблеми, како и на сите ранливи категории што имаат потреба за помош. Токму затоа оваа поддршка е многу повеќе од финансиска помош, таа е подадена рака за секој и исполнување на дадениот збор – велат од Општина Бутел.

Постапката за аплицирање е иста како и изминатиот период. Целосната документација со пополнет формулар треба да се достави во архивата на Општина Бутел.

– Оваа поддршка за ранливите категории е дел од нашата стратегија да создадеме средина со еднаква можност за сите – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ