понеделник, февруари 9, 2026
Дома СКОПСКА Финансиска поддршка за проекти од областа на спортот во Центар

Финансиска поддршка за проекти од областа на спортот во Центар

19

Општина Центар доделува финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. За таа цел објаве е јавен повик

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти.

-Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на поддршка и градење на тимскиот дух кај младите и нивното физичко и ментално здравје – изјави Герасимовски.

Проектите што ќе конкурираат треба да содржат најмалку три од следниве услови: да имаат стручни кадри, добро формулирани цели и очекувани ефекти, план за вклученост на заедницата и активности за стимулирање и афирмација на младите потенцијални спортисти-поединци во општината.

Право на учество имаат спортисти-поединци, спортски клубови, здруженија и институции со седиште во општина Центар кои исполнуваат законски и административни критериуми.

Рокот за поднесување на пријавите е десет дена од објавувањето на повикот. Пријавите може да се достават преку пошта или лично во архивата на Општина Центар.

 

ИЗДВОЕНИ