Финансиска поддршка од Општина Кисела Вода за талентираните ученици и спортисти

18

Општина Кисела Вода ќе доделува финансиска поддршка на талентираните ученици и спортисти од основните училишта на нејзината територија како стимул за нивното понатамошно градење како личности.

За таа цел е објавен јавен повик на кој  можат да се пријават најдобрите основци кои, постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата, науката и спортот.

-Мешовити комисии составени од претставници на Советите на родителите, наставничките совети, општинската администрација итн., ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно Правилниците донесени од страна на Советот на општината, за таа намена – соопштија од локалната самоуправа.

Повикот е објавен на веб-страницата на општината и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страница и социјалните медиуми, истиот ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно-образовни установи во општината.

Од Општина Кисела Вода ги повикуваат сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот, да не се колебаат и да земат учество во изборот.

 

ИЗДВОЕНИ