Финансиска поддршка од 600 илјади денари за модернизација на земјоделството преку три нови повици

33

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија.

Јавен повик бр. 05/2025 кој ги покрива следните инвестиции: набавка на машини за разбивање на мраз, набавка на системи против замрзнување, заштитни мрежи и заштитни фолии, набавка на опрема за систем за наводнување – капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода, инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.

Јавен повик бр. 06/2025 кој се однесува на: набавка на приклучна земјоделска механизација.

Јавен повик бр. 07/2025 кој ги покрива следните области: инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем, инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалаци и пиво од мал обем.

За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно со Законот за земјоделство и рурален развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ