Филмски грабеж во Њујорк: Преправени во работници, успеале да украдат три милиони долари среде бел ден/видео

34
Фото: принтскрин Х видео

Најмалку тројца мажи, од кои двајца биле преправени како градежни работници, извршиле грабеж во Њујорк и избегале со сеф и накит во вредност од повеќе од три милиони долари. Филмскиот грабеж се случил среде бел ден, на 16 октомври, во населбата Јамајка Хилс во Квинс, а полицијата објави детали и снимки од надзорни камери во вторникот, објавува „Ен-би-си њуз“.

Според соопштението од Полициската управа на Њујорк (NYPD), крадците „насилно“ ја отвориле задната врата од зградата околу 14:20 часот.

Откако „влегле на локацијата, лицата ги извадиле сефот и накитот, за кој се проценува дека вреди приближно“ 3,2 милиони долари. По кражбата, тие избегале со сино Hyundai Elantra, што е исто така снимено на надзорни камери, објавува „Индекс“.

Истражителите објавија детални описи на тројцата мажи со надеж дека некој ќе ги препознае.

Едниот од мажите носел „црна маица, црни панталони, црни патики, неонски елек, бел шлем, заштита за очи и бил виден како носи црн ранец“.

Другиот носел „црна маица, црни панталони, сиви патики, неонска јакна, бела кацига, заштна опрема за очи, црна маска за лице и носел црн ранец“, соопшти полицијата.

Третиот осомничен, кој бил зад воланот, носел „бел дуксер, црни панталони, сиви патики и црни ракавици. Никој не е повреден во грабежот, а потрагата по сторителите сè уште е во тек.

ИЗДВОЕНИ