Филмска сцена: Украински адвокат проби бариера на граница бегајќи од мобилизација/ВИДЕО

131
Screenshot: X

Адвокат мобилизиран од украинската војска нелегално ја преминал украинско-унгарската граница во Закарпатскиот регион, пробивајќи ги бариерите на контролниот пункт Велика Палад. Во инцидентот е повреден полицаец од граничната патрола, а бегството е снимено со камери за надзор.

Прес-службата на Државната гранична стража на Украина соопшти дека се сомнева во кривично дело „загрозување на животот на полицаец, член на јавна формација за заштита на јавниот ред и државната граница или припадник на војската“.

„Во четврток вечерта, на контролниот пункт Велика Палад-Наџодош во областа на граничниот одред Мукачево, маж во црна Тојота Авенсис, со регистарска табличка AO6422EE, влегол во ЕУ“, рече новинарот Виталиј Хлахола, кој прв објави за инцидентот.

Според новинарот, возачот е идентификуван како Едуард Пуканич, кој бил мобилизиран во јуни оваа година. Пред тоа, тој работел како адвокат.

ИЗДВОЕНИ