Филипо удри по Макрон: „Војната им е потребна за сопствените цели“

301

Лидерот на партијата „Француски патриоти“, Флоријан Филипо, остро ги критикуваше лидерите на неколку европски земји кои повикаа на зголемен „притисок врз Русија“, оценувајќи на мрежата X дека „(Емануел) Макрон и сите ‘харпии’ на воинствениот европеизам“ се против директните мировни преговори меѓу САД и Русија и дека им „потребна е војна за сопствени цели“ и изградба на „армија на ЕУ“.

Коментарот на Филипо следеше откако лидерите на Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Полска и Финска, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заеднички изјавија дека притисокот врз Москва треба да се зголеми и дека „патот кон мирот“ во Украина не може да се одлучи без учество на Киев.

Европските лидери со заедничка изјава: Нема пат кон мир без Украина

ИЗДВОЕНИ