Филипче: Посакувам мирни и фер избори

10

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по гласањето на локалните избори изјави дека очекува мирен ден, и дека посакува мирни и фер избори.

Тој рече дека е многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани затоа што тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска.

Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма. Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат, рече Филипче.

ИЗДВОЕНИ