Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава

33

Реферирајќи се на изјавата на Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ во Кочани доаѓа со крената глава, претседателот на СДСМ, Венко Филипче изјави: „Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда“.

На митингот во Кочани тој нагласи:

„Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со крената глава не се оди кај оние на кои им се вршеа притисоци за протести. Нема достоинство во ароганцијата и лицемерието“, рече тој.

Филипче додаде дека никој што учествувал во градењето на системот нема право да се амнестира од трагедијата што се случи во Кочани.

„Јас нема да кажам дека сум дошол со крената глава. Дојдов како човек што е свесен дека политиката и политичките партии триесет години наназад се оние што го градеа овој систем. И никој нема право да се амнестира. Наназад не можеме да ги смениме работите, но можеме да извлечеме поуки – и да го смениме системот. Да ја смениме иднината“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче посочи дека болката на жртвите во трагедијата во Кочани е болка што не се заборава и празнина што не се пополнува никогаш.

„Ова е трагедија што не смееме да ја заборавиме никогаш – за тоа колку животот е кревок, колку брзо може да се изгуби сè и колку многу ни треба човечност, почит и грижа едни за други. Кога ги гледам лицата на родителите што стојат исправени и бараат правда и ги слушам нивните гласови полни со болка и достоинство, знам дека тие луѓе не бараат ништо повеќе од вистината и правдата“, нагласи Филипче.

Претходно, на митнгот во Виница Филипче рече на ланските парламентарни избори се случи на граѓаните на парламентарните избори лани

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол донесе хаос и сиромаштија“.

Според него, „нема достоен живот кога Македонија е претпоследна во Европа според висина на минимална плата со многу ниска куповна моќ. Младите заминуваат – не затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што таа не им нуди перспектива. Со оваа ненародна власт животот е сè потежок за сите“.

ИЗДВОЕНИ