На вечерната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитки до сите граѓани за учеството на изборите и нагласи дека СДСМ останува втора партија по големина во земјата и прва во опозицискиот блок.
Филипче, вечерва истакна дека нема намера да си поднесе оставка, иако резултатите од вториот круг на локалните избори покажуваат различни резултати за партијата.
Филипче, рече дека според досега обработените податоци, партијата освоила три градоначалнички места во вториот круг од локалните избори — Зрновци, Центар и Македонска Каменица, покрај трите победи во првиот круг.
Тој потврди дека Ана Чупевска поднела оставка, но истакна дека ќе продолжи соработката со неа во друга форма, бидејќи, како што рече, „нејзиниот придонес за партијата е значаен“.












