Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.
„Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе се бориме и ќе се избориме во име на нашиот заеднички дом. Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. “, изјави Филипче.
Филипче ги охрабри граѓаните да ја поддржат програмата и кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори:
„Ако веруваме дека Македонија има шанса и иднина, тогаш треба да веруваме во изборот на чесни луѓе кои се грижат и се борат за нашиот дом, а не само за себе. Нашите чесни кандидати за градоначалници и советници во општините таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.
Филипче, својот говор пред присутното членство и избраните кандидати за градоначалници и советници го заврши со порака за единство.
„Денес застануваме пред сите граѓани на Македонија со јасна порака. Пред нас имаме момент на нов почеток. Вреди оваа борба за подобра македонска сегашност и иднина. Да живее СДСМ, да живее Македонија, да живеат македонските граѓани!“, рече Филипче на Конвенцијата.
Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ