сабота, февруари 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

20

Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања, напиша лидерот на СДСМ Венко Филипче на ФБ.

Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“.
Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција.

ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ.

Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан.

Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот!

Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние?

Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски.

Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор.

Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност.

Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски, напиша Филипче на ФБ.

ИЗДВОЕНИ