Филипче: Дел од досегашните советници на СДСМ соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ од лични интереси

352

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори.

-Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост – изјави Филипче на синоќешниот состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром.

Тој најави и нов кодекс на однесување којшто ќе мора да го потпишат сите советници:

-Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот – нагласи тој.

Во однос на изборот на кандидати, претседателот на СДСМ порача дека ќе го поддржи секое решение што ќе дојде од базата.

-Вие во општинските организации најдобро знаете кој има капацитети и доверба кај граѓаните. Не сакам да наметнувам, туку да слушам -рече претседателот Венко Филипче синоќа во Аеродром.

(Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ