Групната фаза на Светското клупско првенство, кое годинава првпат се одржува во нов, проширен формат во Соединетите Американски Држави, официјално заврши, односно започна нокаут-фазата. Откако заврши првата рунда (групна фаза), излезе на виделина претходната заработка на клубовите, а најуспешен според овој критериум моментално е Реал Мадрид, со импресивни 43,55 милиони евра.

Турнирот сега влезе во нокаут-фазата, каде што влоговите се уште поголеми. ФИФА распределува вкупен награден фонд од една милијарда долари (околу 800 милиони евра), а 32 клуба од 20 земји се натпреваруваат за титулата светски клупски шампион.

Награден фонд по фазите од натпреварувањето:

победа во група: 1,7 милиони евра;

нерешено во групата: 850.000 евра;

осминафинале: 6,4 милиони евра;

четврт-финале: 11,21 милиони евра;

полуфинале: 17,9 милиони евра;

финале: 25,6 милиони евра;

победа на турнирот: 34,18 милиони евра.

Покрај резултатите на теренот, клубовите заработуваат значаен дел од своите приходи врз основа на дистрибутивниот модел на ФИФА, кој ги зема предвид комерцијалната вредност и медиумската видливост. Само за учество беа издвоени вкупно 451,6 милиони евра.

Клубовите од различни организации добија различни износи:

– Европа: од 11,02 до 32,8 милиони евра;

– Јужна Америка: 13,09 милиони евра;

– Африка, Азија, Северна и Централна Америка: 8,22 милиони евра;

– Океанија (Оукленд Сити): 3,08 милиони евра.

 

ИЗДВОЕНИ