Фицо жестоко удри по Зеленски: „Дали треба да молчиме? Ни нанесе штета од 500 милиони евра“

388

Словачка не отстапува од курсот на Европската унија и НАТО, но во исто време ќе ги штити своите интереси, изјави премиерот на земјата, Роберт Фицо.

– Најпрво сакам да прашам: на што гледа некој како наше отстапување од курсот на членство во ЕУ и НАТО? „Такво нешто едноставно нема“, рече тој на прес-конференција, коментирајќи ги зборовите на претседателот Пјетро Пелегрини.

Тој посочи дека некои медиуми и опозицијата со ширење невистини се обидуваат да создадат впечаток дека власта води политика која наводно ја оддалечува Словачка од нејзините партнери во ЕУ и НАТО.

– Сакаме да бидеме суверена членка на ЕУ и НАТО. Цврсто ја отфрлам идејата дека Словачка треба да биде земја-членка која ќе го почитува „единственото правилно“ политичко мислење… Суверената надворешна политика на Словачка е насочена кон сите четири страни на светот, а нејзината цел е заштита на националните интереси – рече тој, пишува РТ Балкан.

Премиерот истакна дека Словачка е членка на Европската унија и сака да остане таква, но тоа не значи дека не треба да го застапува сопственото мислење.

– Ако некој ни каже, дами и господа, дека за неколку месеци треба да престанеме да увезуваме нуклеарно гориво од Русија, дали треба да молчиме? Само за никој да не каже ништо за мене? Дали треба да молчиме дека Зеленски ни направи штета од 500 милиони евра кога го прекина транзитот на гас (преку Украина)? И во другите сфери да молчиме? – праша тој.

Претходно во средата, словачкиот претседател Петер Пелегрини ја повика владата да не се дистанцира од партнерите во НАТО и Европската унија. Тој апелираше до членовите на Владата да ги слушаат партнерите и кога тие искажуваат различни ставови, нагласувајќи ја важноста на соработката и дијалогот.

ИЗДВОЕНИ