недела, февруари 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Фицо со ултиматум до Зеленски: Нема руска нафта, нема струја од Словачка

Фицо со ултиматум до Зеленски: Нема руска нафта, нема струја од Словачка

51
epa12474931 Slovakia's Prime Minister Robert Fico before the start of the Euro Summit in Brussels, Belgium, 23 October 2025. EU leaders convene in Brussels to discuss the situation Ukraine, European defence, developments in the Middle East, competitiveness, housing and migration. EPA/OLIVIER HOSLET

Премиерот на Словачка Роберт Фицо најави дека утре ќе побара од државниот оператор на електроенергетскито систем да ги запре вонредните испораки на струја за Украина.

„Утре ќе ја посетам државната компанија СЕПС и ќе побарам да ги прекине вонредните испораки на електрична енергија за Украина. Ако (украинскиот претседател Володимир Зеленски) ни порачува дека треба да купуваме гас на друго место, а не во Русија, иако тоа е потешко и поскапо, тогаш имаме право да одговориме“, наведе Фицо во видео-обраќањето објавено на социјалните мрежи.

Фицо изјави во саботата дека, доколку Зеленски до понеделник не пушти нафта за Словачка, ќе биде запрено вонредното снабдување на Украина со електрична енергија, пренесе „Спутник“.

Украина без образложување, во петокто повторно го одложи рокот за пуштање на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружб“ кон Словачка, од сабота за вторник.

Министерството за економија на Словачка уште на 13 февруари соопшти дека испораките на руска нафта со транзит преку Украина се прекинати, а словачката влада на 18 феврусри прогласи кризна ситуацијас поради недостиг, пренесе „Танјуг“.

За рафинеријата „Словнафт“, која зависи од руската надта, од државните резерви се издвоени околку 250 илјади тони нафта.

 

ИЗДВОЕНИ