Фицо: Словачка нема да поддржи санкции против Русија без гаранции за енергетска безбедност

79
EPA-EFE/ALEXANDER NEMENOV/AFP POOL

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес повтори дека Словачка нема да го поддржи 18-тиот пакет санкции против Русија доколку не добие гаранции од Европската комисија што би обезбедиле дека предложената забрана за увоз на руски гас од јануари 2028 година нема да ја загрози енергетската безбедност на земјата.

Фицо, еден ден по еднодневниот самит на Европскиот совет во Брисел, додаде дека цените на енергијата остануваат клучна тема за многу други лидери на ЕУ, објави TASR.

„Доколку оваа одлука не ни наштети, ако ни се гарантира доволна количина гас по конкурентна цена, ако ни се гарантираат тековни транзитни такси и ако постои гаранција за покривање на трошоците во случај да го изгубиме спорот со Газпром, ќе бидеме задоволни“, рече Фицо, кој разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за иницијативата REPowerEU и можните гаранции пред самитот.

ИЗДВОЕНИ