Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека владата на неговата земја не регистрирала ниту еден случај на злоупотреба на средствата од ЕУ и додаде дека владата не може да гласа за целосно запирање на испораките на нуклеарно гориво од Русија во ЕУ, бидејќи тоа би го загрозило работењето на нуклеарните централи во Словачка.
„Постојано ја прогласивме оваа идеја на Европската комисија за штетна и идеолошка за конкурентноста на Европската Унија“, рече Фицо, нагласувајќи дека Словачка ќе интервенира во ЕУ за да се бори за своите национални интереси во подготовката на законските измени поврзани со нафтата, гасот и нуклеарното гориво, пренесува TASR.