Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Словачка „не е слуга на Украина“ и дека ги смета потезите на Киев за непријателски, најавувајќи како прв чекор во одмазда прекин на итното снабдување со електрична енергија на Украина, предупредувајќи дека спорот може да влијае и на европската интеграција на земјата.
„Му повторувам на Зеленски, Словачка не е слуга на Украина“, рече Фицо, оценувајќи дека постапките на Киев се непријателски, пренесува словачкиот TA3.
Покрај енергетскиот спор, Фицо предупреди и на можни компликации поврзани со европската интеграција на Украина.
Тој ја услови својата поддршка за влезот на земјата во Европската Унија не само со спроведување на реформите, туку и со „промена во однесувањето“ од страна на претседателот Зеленски.
Словачкиот премиер отфрли какво било „бесконечно“ во процесот на проширување на Европската Унија и нагласи дека Словачка нема едноставно да „крене рака“ при донесувањето одлуки.
Снабдувањето со руска нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“, кој транзитира низ Украина, беше прекинато на почетокот на февруари.
На 18 февруари, словачката влада прогласи вонредна состојба поради недостиг на нафта, а Фицо рече дека побарал прекин на итното снабдување со електрична енергија за Украина, објави Танјуг.












