Премиерот на Словачка, Роберт Фицо објави дека Естонија не дозволила словачкиот авион кој летал кон Русија да лета над нејзина територија и дека се бара алтернативна рута.
„Естонија пред неколку минути ни соопшти дека нема да дозволи да летаме над нејзина територија“, рече Фицо во видео порака објавена на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој рече дека Естонија ја донела оваа одлука и покрај фактот што Словачка има валидна лиценца за користење на нејзиниот воздушен простор.
„Секако, ова е намерен обид да се наруши мојата посета на Москва по повод официјалната прослава на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна“, изјави словачкиот премиер.
Според него, поради одлуката на Естонија, тој нема да може да присуствува на настаните планирани за вечерта на 8 мај во Москва.
„Протоколот во моментов прави се за да се осигураме дека ќе најдеме алтернативен пат“, додаде Фицо.