Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е подготвен повторно да ја посети Русија во иднина на годишнината од крајот на Втората светска војна.
– Бев во (Москва по повод Денот на победата) во 2015 година на 70-годишнината, бев таму на 80-годишнината, а ако сум жив и здрав и во политиката, ќе одам и на 90-годишнината – изјави Фицо за телевизијата ТА3.
Словачкиот премиер на 9-ти мај изјави дека нема двоумење да ја посети Русија за да учествува на Парадата на победата. Тоа беше чест за него. Рускиот претседател Владимир Путин, од своја страна, му се заблагодари на Фицо што дошол во Москва за 80-годишнината од Победата, и покрај „логистичките пречки“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, доаѓањето на словачкиот премиер во Москва по повод 80-годишнината од победата го нарече херојски чин, бидејќи бил под силен притисок.