петок, февруари 13, 2026
Дома СВЕТ Фицо до Холандија: Пушете канабис и признајте 70 пола ако сакате, ама...

Фицо до Холандија: Пушете канабис и признајте 70 пола ако сакате, ама немојте да се мешате во внатрешните работи на други земји

25
epa12460276 Slovak Prime Minister Robert Fico gestures during a joint press conference with Ukrainian Prime Minister Yulia Svyrydenko (not pictured) after an intergovernmental meeting of Ukraine's and Slovakia's governments in Kosice, Slovakia, 17 October 2025. EPA/ZUZANA GOGOVA
Словачкиот премиер Робеет Фицо ја обвини Холандија дека има „опасна тенденција“ да се меша во внатрешните работи на други земји.
Тој реагираше на тоа што новата холанска владана својот коалициски договор ја спомена Словачка како земја која “активно ја подрива Европа“.
Фицо рече дека холанскиот документ ја опишува Словачка како „европоцентрична и непослушна држава“ и наводно сугерира можност за санкции како одземање на правото на глас или средства од ЕУ фондовите.
„Ние не го правиме тоа во Словачка. Пушете канабис и признајте 70 полови ако сакате -тоа е ваша работа, ама да се заканувате на друга земја со казна поради застапување на суверени и легитимни ставови ја преминува црвената линија. Казнувањето на суверените држави поради нивните суверени мислења е пат во пеколот. Секој кој води таква политика ја загрозува целата ЕУ“, рече Фицо.
Словачкото министерство за надворешни работи упати протест поради, како што наведе „лажно означување“ на Словачка во холанскиот коалициски договор.
Новата холандска влада минатата недела ги претстави плановите за слредните четири години, вклучувајќи и целосна поддршка на Украина и почитувањето на обврските кон НАТО, пренесе „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ