Конфликтот во Украина можеше да заврши одамна ако ЕУ вложеше толку труд во постигнувањето мир колку што моментално инвестира во поддршката на овој конфликт
Ако Европа сакаше мир, војната во Украина ќе завршеше одамна
Конфликтот во Украина можеше да заврши одамна ако Европската Унија вложеше толку труд во постигнувањето мир колку што моментално инвестира во поддршката на овој конфликт, рече словачкиот премиер Роберт Фицо.
Тој истакна дека целта на неговата влада е што побрзо да го заврши конфликтот во Украина.
„Оваа војна требаше да заврши одамна. Зошто сè уште трае? Затоа што некој ја поддржува. Оваа војна можеше да заврши три месеци откако започна, но некој рече: не, не, не“, нагласи Фицо, пренесува „Спутник“.
Словачкиот премиер кон крајот на јули изјави дека Западот се надевал дека ќе ја искористи Украина за да ја ослабне Русија, но тоа не успеало и нема да успее. Во јануари, Фицо истакна дека потпишувањето на мировен договор за Украина било спречено од притисок од западните политичари кратко по почетокот на конфликтот во 2022 година. Според него, конфликтот ја оставил Украина во „ужасна состојба“ и ја принудил да се потпре на помош „од целиот свет“.