Градскиот парк во Битола, на 16 август, од 19:00 часот, ќе биде дом на третото издание на Фестивалот на занаетчиско пиво – прослава на пивото со карактер, направено со занает, мерак и со малку битолски инает.
– Очекувајте ги најдобрите домашни пивари, уникатни вкусови, музика и добра авантура. Дојдете жедни за нови вкусови и подготвени за вистинско пивско дружење. Секоја кригла е занает и се слави – повикува организаторот „Slow food“ – Битола.