Трката во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас беше исклучително драматична и налути многумина љубители на спортот, вклучувајќи го и возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо.
Беше очигледно дека возачите немаа баш најдобри услови на патеката, поради облините дождови со денови во делови на САД.
- Патеката е забавна затоа што е дизајнирана да биде добра за возачите, но тој асфалт… Ова не е Формула 1. Премногу е лизгава и не може да ја достигнете вистинската температура за гумите, многу е нерамна и има дупки, па прашање е колку е безбедна трката. Во иднина, ФИА ќе мора да се справи со овој проблем. Погледнете го календарот, сето ова е многу тешко за нас – објасни Фернандо Алонсо.
Ландо Норис е прв во генераланиот пласман со 390 бода, а по него следуваат Оскар Пјастри и Макс Верстапен со по 366 бода.











