Лошите резултати во тимот на Ферари постојано нудат шпекулации во светските спортски медиуми, а последната таква вест вели дека Луис Хамилтон би можел да добие шут-карта од тимот.
Британецот се пресели од Мерцедес во Ферари со големи амбиции, но не успеа да заврши на подиумот во првите четиринаесет трки. Според некои медиуми, тимот од Маранело веќе бара замена за четириесетгодишниот Хамилтон, а поранешниот возач и коментатор на „Скај спортс“, Џони Херберт, тврди дека веќе е познато кој ќе го наследи.
Според неговите тврдења, Карлос Саинц треба да го заземе местото на Хамилтон. Шпанецот возеше за Ферари од 2021 до 2024 година, а моментно е член на Вилијамс. Ниту тој ниту Хамилтон не се снаоѓаат најдобро во своите сегашни тимови, па затоа се очекува враќање на Саинц во црвениот болид.