понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ Феномен што предизвика загриженост кај јавноста: За еден месец, во Рим исчезнале...

Феномен што предизвика загриженост кај јавноста: За еден месец, во Рим исчезнале повеќе од 15 малолетници

127

Повеќе од 15 малолетници, повеќето младичи од земјите од областа Магреб и неколку родени во Босна и Херцеговина, исчезнале во последниот месец, откако избегале од прифатниот центар во Рим, кој е под управа на Црвениот крст.

Овој феномен предизвика загриженост  бидејќи бројот на исчезнати малолетници се зголеми во последните месеци, пренесува „Рома тудеј“, повикувајќи се на официјални податоци.

Центарот во кој се сметени малолетниците има договор со градската управа на Рим, што дополнително отвора прашања за безбедноста и ефикасноста на системот, наведува римскиот портал. Иако сеуште не е позната точната причина за нивното бегство, се спекулира дека некои од нив можеле да се најдат во ситуација во која биле приморани да извршат кривични дела за да преживеат, наведува италијанскиот портал.

Според податоците на италијанското Министерство за труд и социјална политика, заклучно со 31 демември 2025 година, во Италија имало 17.911 малоолетнци без придружба.

Меѓу нив најголем дел, или 88,6 отсто биле младичи, од кои повеќето  од половината на возраст од 17 години, кои често самите го преминувале Медитеранот.

За една година, уделот на малолетници нагло се зголемил од 12 отсто на 17,9 отсто, што претставува речиси 12.000 деца кои бегаат од војна, сиромаштија и насилство.

Доаѓаат првенствено од Египет (30, 3 отсто), Украина (17,4 отсто) и Бангладеш (10.1 отсто).

Меѓу 242 малолетници без придружба во италијанските центри за малолетнички притвор, најчестите злочини се имотни кривични дела (50 отсто), потоа грабежи (63 отстоЖ) и кражби (27 отсто), пренесува „Танјуг“. Злочините проптив поединци се само 14 отсто, и главно се во врска со телесни повреди, а малолетничките кривични дела отпаѓаат на уличниот криминал, воден од желба за преживување.

 

 

ИЗДВОЕНИ