Aмериканскиот кошаркар Армандо Бејкот е нов играч на Фенербахче, објави турскиот клуб. Бекот (25), кој играше минатата сезона за развојниот тим на Мемфис во Џи-лигата, потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион на Евролигата.

Американскиот центар минатата сезона, во развојната лига, имаше просек од 18,2 поени, 9,5 скока и 2,3 асистенции. Во текот на петте сезони на колеџ, играјќи за Универзитетот во Северна Каролина, во просек постигнуваше по 13,9 поени и 10,1 скока на натпревар.

ИЗДВОЕНИ