Италијанскиот кошаркар Симоне Фонтекио (30) би можел да го засили тимот на Фенербахче ова лето. Фонтекио игра како крилен играч, а е во НБА од 2022 година. Неодамна беше трејдуван од Детроит во Мајами во замена за Данкан Робинсон, но има мали шанси тој да остане во Хитс.

Според турските медиуми, Фенербахче внимателно ја следи ситуацијата на Симоне Фонтекио и со задоволство би му понудил повеќегодишен договор, а оваа опција не му изгледа одбивна ниту на Италијанецот.

ИЗДВОЕНИ