Турските медиуми објавуваат дека тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, сака да го доведе 33-годишниот шпански крилен напаѓач, Лукас Васкез, кој наскоро ќе го напушти Реал Мадрид, веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство.

Мурињо го гледа Васкез како идеално решение за десната страна во својот состав, а Фенербахче веќе подготви дарежлива понуда за него. Освен висока плата, му нуди и настапи на европските натпреварувања, како и борба за трофеите во Турција. Васкез одигра повеќе од 50 натпревари за Реал Мадрид оваа сезона, постигнувајќи два гола и запишувајќи осум асистенции. Тој одигра над 400 натпревари за најтрофејниот европски клуб. Фенербахче се надева дека Мурињо би можел да биде клучниот адут во преговорите и да го привлече искусниот Шпанец во Истанбул.

ИЗДВОЕНИ