Фемицидот не е приватна трагедија, tоа е јавен, системски неуспех

Невладините со реакции по убиството во Шутка

45

По грозоморното убиство во Шуто Оризари на млада скопјанка од страна на нејзиниот партнер и тоа пред очите на нејзината пет годишна ќерка, невладините организации кои ги застапуваат ромските права бараат настанот да се квалификува како фемицид.

– „Случајот од Шуто Оризари не е изолиран. Во последните години сведочиме на серија фемициди каде жртвите претходно повеќепати пријавувале насилство. Очигледно е дека системот на заштита повторно потфрла. Иако жртвите се обратиле до институциите – полиција, обвинителство, центар за социјална работа – не била обезбедена соодветна заштита. Праксата покажува дека пријавите често не се третираат како родово базирано насилство, а не се преземаат ни навремени мерки за превенција, реагираат од невладината Ромалитико

Од ОЈО Скопје велат дека за осомничениот кој ја уби својата партнерка во Шутка немало претходна пријава за семејно насилство.

ИЗДВОЕНИ