
Португалскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жоао Феликс, јавно призна дека сака да се врати во татковината и дека сака повторно да го облече дресот на Бенфика. Крилниот напаѓач со неуспех ја заврши позајмицата во редовите на калчо гигантот Милан, а од поодамна е информиран дека нема за него иднина на „Стемфорд Бриџ“.