
Американскиот тенисер Марди Фиш беше расположен за шега, реагирајќи на тврдењето дека Роже Федерер е најголемиот и најдобриот играч во историјата.
Фиш му одговори на корисник на Твитер кој го изнесе тврдењето.
„Тој не може да биде најголем, изгуби од мене. Извинете, јас не ги правам правилата“, напиша Фиш, познат по својот добар хумор.
Фиш го победил Федерер еднаш во девет дуели, во полуфиналето на Индијан Велс во 2008 година.
Патем, тој го победил и Надал еднаш (1-8), во четвртфиналето на Синсинати во 2011 година, додека од Новак Ѓоковиќ секогаш губел (7-0).
Фиш ја заврши кариерата во 2015 година, а неговиот најдобар пласман беше седмото место на АТП во август 2011 година.