понеделник, февруари 16, 2026
Дома СВЕТ ФБИ спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина на Нова година

ФБИ спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина на Нова година

74

ФБИ Објави како спречиле потенцијален терористички напад во Северна Каролина на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од активностите на ИСИС, пишува „Еј-би-си њуз“.

„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните медиуми, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка. „Ви благодариме на нашите неверојатни партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.

ИЗДВОЕНИ