ФБИ: Осомничениот за пукањето во Колорадо рекол дека „сакал да ги убие сите ционисти“

270

Осомничениот за нападот со молотови коктели врз група произраелски демонстранти во Колорадо, Мохамед Сабри Солиман, им рекол на истражителите по апсењето дека „сакал да ги убие сите ционисти“ и дека ќе го „повтори“ нападот, објави Си-Ен-Ен.

Изјавата под заклетва се базира на интервју што Солиман го дал на органите за спроведување на законот по апсењето, објави американската телевизиска мрежа.

Солиман рекол дека нападот врз група произраелски демонстранти во Колорадо, кои повикувале на ослободување на заложниците што ги држела палестинската милитантна група Хамас во Газа, бил планиран една година, соопшти Федералното истражно биро (ФБИ) на САД во соопштение поднесено до федералниот суд во Колорадо.

Извика „Слободна Палестина“ и фрли молотови коктели врз луѓе: Полицијата го уапси напаѓачот кој запали демонстранти на протест во Колорадо

ИЗДВОЕНИ