Локалните и федералните власти во Лас Вегас истражуваат куќа за која постои сомнение дека се користи како биолошка лабораторија и се обидуваат да утврдат за какви материјали станува збор.
Претресот бил спроведен во саботата утрото, но истражителите сè уште не знаат точно што пронашле, дознава ABC News од полициски извори.
Покрената истрага за прекршоци
Истрагата била покрената по пријава за прекршоци. Кога се појавиле сомневања дека на имотот нелегално се складираат биолошки истражувачки материјали, случајот го презела Заедничката антитерористичка единица. Според изворите, управителот на имотот бил уапсен во саботата.
Материјалите пронајдени во шишенцата се запленети и ќе бидат транспортирани во безбедна здравствена установа во округот за тестирање за да се утврди дали претставуваат закана. Властите сè уште не утврдиле за што се станува збор, ниту дали се опасни.
Поврзаност со случајот од 2023 година
Сопственикот на имотот е кинески државјанин кој е во затвор од 2023 година, кога беше уапсен и обвинет. Тој се изјасни за невин по тоа обвинение.
Случајот од 2023 година, исто така, предизвика конгресна истрага. Таа истрага откри дека нелегална биолошка лабораторија наводно била финансирана со пари од кинески банки и содржела илјадници примероци од потенцијални патогени, вклучувајќи ХИВ, маларија, туберкулоза, COVID-19, па дури и ебола.
Се пребаруваат уште 20 локации
Истражителите моментално пребаруваат уште 20 локации за да утврдат дали се поврзани со откритието во саботата. Досега, ништо сомнително не е пронајдено на други локации, според извори.
Suspected Las Vegas ‘Biological Lab’ Reportedly Has Ties To Illegal Chinese-Run Lab In California | The Daily Caller https://t.co/eZSsCDwTw6
— DMac (@ErinShaleah) February 2, 2026
— VAL THOR (@CMDRVALTHOR) February 2, 2026












