ФБИ го претресува домот на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон

31

Федералното истражно биро (ФБИ) изврши претрес во домот на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, објави „Њујорк пост“.

Според американските медиуми, агенти рано утрово извршиле претрес во домот на Болтон во Бетезда, Мериленд. Претресот бил дел од безбедносна истрага, а налогот за претресот го потпишал директорот на ФБИ, Кеш Пател.

„Никој не е над законот“, изјави Пател на социјалните мрежи по почетокот на операцијата.

Болтон беше еден од најблиските соработници на Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат, познат по своите тврдокорни ставови во надворешната политика и честите јавни критики кон него по напуштањето на администрацијата.

ИЗДВОЕНИ