ФБИ: Експлозија пред клиника во Калифорнија – намерен терористички чин

35
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Експлозијата во која загина едно лице пред клиниката за ин витро оплодување во Палм Спрингс, Калифорнија, е „намерен терористички чин“, соопшти Федералното истражно биро (ФБИ).

Помошник-директорот задолжен за одделот на ФБИ во Лос Анџелес, Аквил Дејвис, на прес-конференција рече дека тоа е „веројатно една од најголемите истраги за намерно бомбардирање што сме ги имале во Јужна Калифорнија“.

Во експлозијата се повредени четири лица, а меѓу нив не е персоналот на клиниката, соопштија градските власти.

Палм Спрингс се наоѓа околу 100 милји источно од Лос Анџелес.

Американските медиуми јавија дека клиниката за плодност на Американскиот репродуктивен центар е оштетена, но дека персоналот е безбеден.

ИЗДВОЕНИ