Фатмир е озлогласениот „шверцер“ од кого се плашат српските браќа

466

На Балканот има голем број навивачки групи кои се меѓу најозлогласените во светот, додека има и помали кои се во пораст и се склони кон инциденти и многу често предизвикуваат проблеми.

Освен Црна Гора, Србите на Балканот исто така имаат навика да ја нарекуваат Македонија нивна братска земја, а Македонците ги нарекуваат браќа, пишува босанскиот портал „СпортСпорт.ба“.

Во продолжението од текстот порталот пишува дека токму Македонците го изгубија приматот на фудбалот во својата земја, а клубовите со албанско потекло се тие што се главни.

Шкендија е актуелен шампион, додека Шкупи е на врвот со години, а двата клуба имаат организирани навивачки групи.

Навивачите кои навиваат за Шкупи се нарекуваат „Шверцери“, нивниот водач се вика Фатмир Јашари, а пред неколку дена ја покажаа својата моќ.

Имено, „Шверцерите“ го прекинаа тренингот на својот тим во саботата. Ова се случи по неодамнешното незадоволство на оваа навивачка група од политиките на клубот и ситуацијата низ која се наоѓа клубот.

„Додека нема чесност и транспарентност, ништо нема да продолжи нормално. Не го тестирајте нашето трпение, бидејќи минатото покажа кој одлучува во овој град“, гласеше предупредувањето што го испратија јавно.

Во интервју за „ГазетаБлиц Спорт“, лидерот на Шверцер, Фатмир Јашари, изјави дека блокирањето на тренинзите што се случи во саботата е поврзано со нивното незадоволство од раководството на клубот и дека сакаат некои работи да исчезнат.

„Да, денес го блокиравме тренингот на клубот. Незадоволни сме и не најдовме заедничка основа“, рече Јашари, продолжувајќи:

„Не сакаме јавно да поставуваме барања, нашиот став е јасен, некои работи треба да се отстранат, а некои други не треба да се повторуваат, како што се случуваше во минатото.“

„Бараме заедничка основа со раководството на клубот“, рече Јашари.

Оваа навивачка група постојано е дополнителна сила за скопскиот тим и обично е „12 играч“ на теренот. „Шверцерите“ се познати по големата поддршка што ја даваат од трибините, како и по нивната организација.

Шкупи ја освои својата единствена шампионска титула пред три години, а во меѓувреме двапати беше вицешампион. Последната натпреварувачка сезона ја завршија на седмото место, што беше под сите очекувања, пишува порталот „СпортСпорт.ба“.

ИЗДВОЕНИ