Фабрика во Виена одгледува црни „војнички мушички“ (Stratiomyidae) за производство на храна за животни и ѓубриво. Остатоците од производството на храна за луѓе и животни се пренаменуваат во храна за животни.
Илјадници мушички положуваат јајца во кафез во фабрика во виенската општина Симеринг.
„Произведуваме млади ларви од црни војнички мушички, кои ги пакуваме и им ги испраќаме на нашите клиенти за да можат да ги гаат во сопствените објекти, а подоцна да ги користат како храна за животни“, вели Катарина Унгер, сопственичка на Ливин Фармс. Ларвите се хранат со отпад од прехранбената индустрија.
„Тие го јадат, го преработуваат во висококвалитетни протеини и масти, а остатокот од процесот е ѓубриво што може да се користи во земјоделството“, објаснува Унгер.
Производите од инсекти може да се користат во свињарството, живината или рибниот сектор, а може да се користат и како ѓубриво за растенија, беше објавено денес во Виена.
Годишно во Виена се произведуваат пет милијарди ларви.
„Моментално имаме шест проекти за изградба на постројки низ Европа, а тие преработуваат 100.000 тони отпад годишно во протеини, масти и ѓубрива од инсекти. Нашата цел е да изградиме 50 постројки низ Европа до 2030 година, преработувајќи еден милион тони отпад“, рече Унгер.
Таа ја доби идејата за фармата за инсекти во Хонг Конг.
„Таму има многу малку простор и мора да се произведува многу на мала површина, и сега и во иднина. Значи, целта беше да се произведуваат протеини со најмал можен еколошки отпечаток“, објасни таа.












