Владата на Велика Британија се откажа од експропријацијата на замрзнатите руски средства откако Европската Унија не успеа да донесе одлука во четврток, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на владин претставник.
„Нема да го направиме ова без меѓународни партнери“, рече функционерот, додавајќи дека Велика Британија „ќе продолжи тесно да соработува со Г7 и ЕУ за финансирање на Украина“, објави „Тасс“.
Британската влада претходно планираше да префрли 10,6 милијарди долари руски средства, кои беа замрзнати на нејзина територија, на Украина.
„Фајненшл тајмс“ објави дека владата на Велика Британија одлучила дека гаранцијата за заем од 2 милијарди долари на Светската банка за Украина ќе биде обезбедена во 2026 година и останува посветена на обезбедување 4 милијарди долари годишно, до 2030 година, за воена поддршка на Украина.
На вчерашниот Самит на ЕУ, кој траеше 17 часа, не беше добиена согласност од Белгија за исплата на 180-те милијарди од Централната банка на Русија на Украина, но беше одлучено членките на ЕУ да му обезбедат на Киев 90 милијарди во текот на следните две години.












