„Фајненшл тајмс“ тврди: Руски саботери сакале да предизвикаат експлозии во товарни авиони од Европа до САД

37

Руски саботери наводно подготвувале експлозии во товарни авиони што летале од Европа до САД, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од европските разузнавачки служби кои осуетиле таков план.

Саботерите планирале не само да дигнат во воздух логистички центри, туку и да уништат товарни авиони во лет на рутите кон САД.

Додадено е дека шемата на тајната служба е откриена по експлозиите во центрите на DHL во Полска, Германија и Обединетото Кралство. Истрагата утврдила дека пакети со магнезиумски запалки биле испратени од Литванија. Овие експлозии биле само првата фаза – следната цел требало да биде авијацијата.

Според нив, запленети се околу шест килограми експлозив.

Полска и Литванија веќе обвинија најмалку 20 учесници во овој план. Организаторот на групата избегал во Азербејџан, а руските разузнавачки служби – ФСБ, СВР и ГРУ – јавно побараа негово ослободување.

Според украинскиот портал TSN, кој се повикува и на Фајненшл тајмс, една од европските разузнавачки агенции верува дека руска група се подготвува да изврши саботажа од големи размери во Европа. Експертите предупредуваат дека ова е само врвот на ледениот брег.

Наводно, саботерите ги разгледуваат патните мостови и железничките линии низ целиот континент, барајќи слаби точки со намера да ги дигнат во воздух.

(prm TSN)

ИЗДВОЕНИ