Американскиот претседател Доналд Трамп им претстави нов план за Газа на арапските и муслиманските лидери, кој повикува на траен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и распоредување на меѓународни сили за стабилизирање на опколената територија.
Планот, кој беше презентиран на состанок на маргините на Генералното собрание на ОН оваа недела, се темели на најновиот предлог за прекин на огнот што го изнесе претставникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, објави „Фајненшл тајмс“ (FT).
Вклучува детали за тоа кој ќе управува и ќе ја обезбедува енклавата по завршувањето на конфликтот, со меѓународно надзорно тело кое ќе надгледува палестински комитет кој во меѓувреме ќе управува со Газа, според извори запознаени со планот.