Големата награда на Лас Вегас во Формула 1 е закажана за в недела, но временските услови би можеле да ги отежнат работите. Според метеоролозите од Соединетите Американски Држави, Лас Вегас е област со висок ризик што би можела да биде поплавена во наредните денови, по обилните врнежи од дожд.
Се очекуваат и грмотевици, па затоа може да се слушне предупредувањето за такво сценарио насекаде во Лас Вегас, од средата.
Пред самата трка ќе се одржат тренинзи, каде што сè ќе биде дополнително тестирано и постои 30 проценти веројатност дека пороен дожд ќе ги пречека возачите на тренинзите.
Што се однесува до шампионатот, Ландо Норис има 24 бода повеќе од својот колега Оскар Пјастри и води во трката за шампионската титула.











