недела, февруари 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Езерото „Младост“ се чисти по 60. години

Езерото „Младост“ се чисти по 60. години

24

Ревитализацијата на езерото „Младост“ е во тек. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Езерото „Младост“ се чисти за првпат по 60.години.

-За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство – истакна Трипуновски.

Министерот посочи дека работат на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода.

 

ИЗДВОЕНИ