Во Македонија и во земјите од регионот што не се членки на Европската Унија би можеле да влезат евтини половни возила на дизел-гориво откако ЕУ најави драстични мерки за „дизелашите“ постари од 10 години. Новите прописи ќе ги исфрлат постарите возила од патиштата, особено оние што се без еколошките ДПФ-филтри. ЕУ ја воведува оваа мерка, пред сè, за намалување на аерозагадувањето и на сообраќајните несреќи

 

Во Македонија и во земјите од регионот што не се членки на Европската Унија би можеле да влезат евтини половни возила на дизел-гориво откако ЕУ најави драстични мерки за „дизелашите“ постари од 10 години. Новите прописи ќе ги исфрлат постарите возила од патиштата, особено оние што се без еколошките ДПФ-филтри. ЕУ ја воведува оваа мерка, пред сè, за намалување на аерозагадувањето и на сообраќајните несреќи.

Новите правила предвидуваат построги технички прегледи, со посебен фокус на автомобилите без филтри за честички (ДПФ), од кои има милиони на европските патишта. Замената на ДПФ-филтерот може да чини до 2.500 евра, поради што многу сопственици посегнуваат по алтернативни решенија како што се чистење, „дупчење“ или целосно отстранување од издувниот систем.

Доколку Европската Унија ги усвои предложените мерки, милиони сопственици на дизел-мотори ќе се соочат со тешка одлука: или да плаќаат за скапи поправки или да се збогуваат со своите автомобили.

Многу од овие возила, веројатно, ќе завршат во Источна Европа и на Балканот, што би можело да доведе до презаситеност на пазарот и само да го помести проблемот со загадувањето.

Доколку има презаситеност на пазарот, тоа би можело да влијае и на пониските цени на автомобилите во регионот.

ИЗДВОЕНИ