„Визер“ од следната година ќе лета на 5 нови дестинации од македонските аеродроми. Авикомпанијата претходно најави уште 6 линии и со тоа од аеродромите од Македонија само оваа година ќе има вкупно 11 линии. Авикомпанијата ја зголемува и флотата и вработените во Македонија

 

Пет нови авиолинии најавија вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и извршнот директор на авиокомпанијата „Визер“, Јозеф Варади. Така, од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе се лета кон полските градови Катовице и Вроцлав, како и до Милано и овие линииче станат опеаративни од 28 јуни 2026 година. Од скопскиот аеродром пак, „Визер“ од 6 април идната година ќе ги опслужува Наполи и Будимпешта.

-Со претходните пет нови авиолинии што ги отвараме и тоа, кон Стокхолм и Мадрид од ноември и Келн, Бари, Прага од декември, но и Ларнака од 30 октомври, тоа се 11 нови авиолиии – истакна Николоски.

Тој објави дека поради новите авиолинии „Визер“ ја зголемува флотата на авиони во базата во Скопје од сегашните четири на шест, а ќе се заменат воздухопловите „Ербас 320“ со поголеми „Ербас 321 НИО“, што се едни од најмодерните авиони во моментот со најмало загадување на воздухот и се со најмала бучава.

– Од директорот Варади слушнав дека за 50 проценти ќе го зголемат капацитетот на расположиви седишта, односно во 2026 година најавуваат дури 3.300.000 седишта, како и тоа дека ќе го зголемат бројот на лица што ќе се вработат во „Визер“ од сегашните 200 на 300 лица – потенцира Николоски.

Првиот човек на „Визер“ истакна дека тоа се добри вести со кои тој е дојден во Македонија, затоа што верува македонската Влада сака да работи и со која компанијата има одличен однос.

-Се обидуваме да бидеме подобри  за граѓаните. Ги слушаме нивните барања и сакаме да им  удоволиме. „Визер“ е пазарен лидер во Македонија, носиме нови технологии и вработуваме нови лица и така и ќе продолжиме. Сметаме дека во Македонија сме како дома и се чуствуваме како да сме национален авиопревозник. Сакаме што повеќе од нашиот персонал да биде од Македонија , а за себе се сметаме дека сме добар работодавач кој ислаќа добри плати. Наскоро очекувајте новини и за тоа – истакна Варади.

Поради новите „ербаси“ кои се со повеќе седишта, тој најавува и поевтини билети. За Охрид рече дека е европско чудо кое треба што повеќе да се промовира, а „Визер“ да биде амбасадорот на градот.

– Туристите веќе се изморени од посета на класичните дестинации, како Рим или Париз и сакаат да видат нешто ново. Затоа ги отвораме новите дестинации од кои полза ќе има македонската економија – нагласи Варади.

„Визер“ е присутен на македонскиот пазар од 2010 година и оттогаш ги користи владините субвенции за нови авиодестинации и превезени патници. Во моментов авиокомпанијата ја користи субвенцијата која предвидува исплата на 9 евра од скопскиот и 12 евра од охридскиот аеродром и се однесува само за донесен патник.

– Можам да кажам дека станавме победник од кодид кризата. Годишно превезуваме 75 милиони патници, оперираме на 800 рути во 52 држави – рече Варади.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ