Евровизискиот пејач Милан Станковиќ е вообразен, на комшиите ни „здраво“ не им кажува

645

Пејачот Милан Станковиќ, кого го знаеме и од настапите на евровизискиот фестивал со хитот „Ова е Балкан“ заедно со Горан Бреговиќ, веќе подолго време се крие од публиката и од новинарите, но и од соседите. Зошто?

Неодамна, пред зградата во која живее, го начекаа папараците, сликајќи го во паркираниот автомобил од кој ретко излегува. Пејачот беше бесен, дури и се закануваше поради вознемирување.

– Секогаш е таков, вообразен. Постојано е во тој автомобил, како да спие во него. Човекот никогаш и никаде не оди пеш, само е на четири тркала. Многу вообразен тип, на моменти одвратен. Па што ако е музичка ѕвезда?! Не знае да биде нормален. Или е смотан, кој да знае – беше гласната реакција на еден од неговите комшии.

Друг сосед објаснува дека не се гледа често со него.

– Милан го видов, можеби, два-трипати. Многу е повлечен, ретко зборува. Веројатно, живее сам, нема девојка. Мислам дека е срамежливо момче. Или е болен?                  На телевизија изгледа среќно, но во вистинскиот живот воопшто не е такoв. Слушнав дека се свртел кон религијата. Оди по манастири, разочаран е од љубовта. Комшиите зборуваат секакви работи за него, дури и дека им е сомнителна неговата сексуална ориентација. Мене не ме интересира тоа, тоа е негова приватност.

Помлада девојка открива дека е, исто така, зачудена од однесувањето на Милан Станковиќ.

– Милан живее таинствено. Не пиеме кафе заедно. Мислам дека никој од комшиите не се дружи со него. Некогаш се гледав со мајка му, бидејќи само таа доаѓаше кај него. Но, и таа ми е чудна. Имаше некои несфатливи барања од нас, соседите, велејќи дека на нејзиниот Милан му се погодиле лоши комшии. Како лоши кога тој ни „здраво“ не ни кажува?! (Д. М.) фото:Инстаграм-РТС

 

ИЗДВОЕНИ