Евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ: “Добив патики на подарок, Македонците се дарежлив народ!“

41

И ако од “Тиквешкиот гроздобер“ поминаа неколку дена, главната пејачка ѕвезда која таму настапи Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, дури сега објавува свежо и актуелно видео во кое се гледа како си поминала во нашата Македонија?                   А, очигледно дека си поминала супер!                                                                          Видеото е насловено, верувале или не, многу возбудливо, се вика ,,Пичвајз во Македонија”! Објавено е на нејзиниот официјален Јутјуб-канал. Можат сите да го видат и коментираат! И навистина народот коментира. Се и сешто!  Oд одобрувањето до навредливите зборови, кои секако нема да ви ги пренесеме, чисто онака поради пристојноста кој ја има весникот ВЕЧЕР.
Марија го покажува хотелот Греј-Стар во Неготино каде била сместена, раскажувајќи дека ѝ го дале на користење најголемиот апартман.
-Многу подобро ќе го искористев апартманот ако не бев сама. Но бидејќи бев сама, без мама Верка и моето синче, одмарав, го исправував грбот, вели расположената Мара.Од хотелското менито одбрала шопска салата во комбинацијата со пилешко. Тоа не ја израдува толку многу и ако сака вкусни хотелски јадења, како патиките кои ги добила на подарок. – Не ми е роденден, а добив патики кои се вистинска бонбона, одлично ми се погодија, вели радосната Шерифовиќ. – Немам појма кој ми ги прати патиките, но во секој случај многу благодарам. Македонците се навистина дарежлив народ, не можеш да не ги сакаш и да не им пееш кога ќе те поканат.

Сепак, Мара ништо не кажа за инцидентот на самиот концерт. Кога се спуштила во публиката меѓу армија обожаватели. Не беше тоа малер со скинати панталони, туку момент кога на некоја нејзина обожавателка и го тргна микрофон, кусо и дрско велејќи ѝ: “Мррршшшш“!!!

Оваа многу немила сцена предизвика торнадо од негативни реакции кај публиката. Мара не се извини, но и за тоа би имала објаснување во нејзиниот специфичен стил: “А, кој ја “тепаше по ушите“ да ми го трга микрофонот додека сум на своето работно место“. Навистина, и двете страни се, кога подобро ќе размислите, во право! Секоја на свој начин. Сепак, Марија на крај испадна дама со фини манири: од својата куќа во Белграда најсрдечно се заблагодари на македонскиот народ на фантастично гостопримство.   (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ