вторник, февруари 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Евростат“: Реалниот БДП порасна во 169 региони на ЕУ, се намали во...

„Евростат“: Реалниот БДП порасна во 169 региони на ЕУ, се намали во 64

13

Реалниот бруто домашен производ (БДП) порасна во 169 региони на ЕУ во 2024 година во споредба со истиот период пред една година, објави денес „Евростат“.

Службата за статистика на ЕУ додаде дека е забележано намалување на БДП во 64 европски региони. Регионот со највисок раст на реалниот БДП беше Јужен Централен во Бугарија, со зголемување од 11,6 проценти, по што следуваат Источен и Мидлендс во Ирска (8,5 проценти) и Северноцентрален, исто така во Бугарија (8,4 проценти).

Најголем пад на реалниот БДП е забележан во југоисточниот регион на Бугарија, со пад од 12,7 проценти, по што следуваат јужниот регион во Ирска (5,5 проценти) и Реунион, прекуокеански регион во Франција (3,7 проценти).

Најголемиот регионален БДП по глава на жител, изразен во стандарди на куповна моќ (PPS), е забележан во регионот Исток и Мидлендс на Ирска со 268,3 проценти од просекот на ЕУ. Следуваат Луксембург (244,6 проценти), потоа Јужна Ирска (216,6), потоа Хамбург во Германија (196,1) и Прага во Чешка (191,8), објави „Танјуг“.

Високиот БДП по глава на жител во Луксембург и Прага делумно може да се објасни со големиот прилив на работници кои патуваат до работа, како и со присуството на големи мултинационални компании во регионите Исток и Мидлендс, како и во Јужна Ирска.

ИЗДВОЕНИ